Нешто за Системот за идентификација на земјишни парцели | Правдико

Правдико

   

Нешто за Системот за идентификација на земјишни парцели

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

imgСИЗП – Системот за идентификација на земјишни парцели е систем со кој се идентификува земјоделското земјиште што тековно се обработува. Системот користи прецизни авионски снимки, на кои е прикажана реалната состојба на земјиштето и неговата употреба. Со помош на СИЗП, графички се исцртуваат земјишните парцели и автоматски се пресметува точната површина на земјиштето и границите на парцелите. Сепак, овие граници не секогаш ја преставуваат реалната состојба на земјоделските парцели на терен.

Каде ќе се регистрира земјиштето? 

Локацијата на земјишните парцели ќе се утврдува во присуство на земјоделците, во подрачните единици на:

  • Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ)
  • Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) и
  • ЈП Македонски Шуми (ЈПМШ)

Ќе се регистрира целокупното земјоделско земјиште кое се обработува и за кое како доказ ќе се приложат соодветни документи: лична карта, имотен/поседовен лист или договор за закуп на земјоделско земјиште.  

Како да се регистрира земјиштето? 

Идентификацијата на парцелите ќе се врши на однапред договорени состаноци, на кои носителот на земјоделското стопанство/сопственикот или член на земјоделското стопанство назначен од страна на сопственикот, ќе мора задолжително да се јави во подрачната единица на МЗШВ, АПРЗ или ЈПМШ, во точно утврдениот термин со цел непречено и организирано извршување на идентификацијата на парцелите. За време на состанокот, земјоделецот треба да има листа на сите негови обработливи земјишни парцели. Во случај на регистрација на лозови насади и овоштарници, земјоделецот треба да ја знае годината на насадот и растојанието меѓу садниците и/ или точно да го знае видот на овошјето и бројот на дрвјата.
Кои се придобивките за земјоделците? 

Со регистрацијата на земјиштето во СИЗП, земјоделците ќе имаат повеќе  придобивки,  и тоа:

  • право на добивање субвенции во иднина и поедноставна постапка за аплицирање;
  • земјоделецот ќе знае кое земјиште може да го пријави во иднина;
  • процесот на пријавување на земјиштето во иднина ќе биде поедноставен и побрз, бидејќи од година во година ќе се регистрираат само промените настанати на парцелата;
  • ќе се намали ризикот од лажни барања за субвенции и повеќе средства ќе се распределат на вистинските производители;

Трошоци за регистрирање на земјиштето?

Целиот процес на регистрација на земјиштето во Системот за идентификација на земјишните парцели (СИЗП) е бесплатен.
Сите земјоделци имаат обврска да го регистрираат земјоделското земјиштедоколку аплицираат за средства т.е. субвенции од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Извор: http://www.sizp.gov.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико