Неуспешен референдумот во Унгарија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Првичните податоци ги објави партијата Фидес, на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Потпретседателот на Фидес, Гергели Гуљаш, потврди дека излезеноста е 45 отсто. Унгарската опозиција претходно повика на бојкот на гласањето или уфрлување на неважечки гласачки ливчиња.
Околу 8,3 милиони гласачи беа повикани да одговорат на прашањето „Дали сакате Европската Унија прогласно задолжитено разместување на не-унгарски граѓани во Унгарија без дозвола на унгарскиот парламент“.
Унгарскиот вицепремиер Жолт Шемјен изјави дека владата е задоволна бидејќи 95 отсто од излезените гласачи гласале против европските квоти за имигранти.
– Тоа ќе биде голема политичка поддршка за унгарската влада да се бори во Брисел – пораша Шемјан.
Премиерот Орбан претходно изјави дека за него е важно оти мнозинството од тие што гласале се против европските квоти, дури и ако референдумот не биде валиден, односно ако на него не излезат над 50 отсто од гласачите.
Извор: Нова Македонија