Неуспешен референдумот во Валандово | Правдико

Правдико

   

Неуспешен референдумот во Валандово

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Референдумот во Валандово не успеа. Недостасувале уште околу 300 гласа за да се изгласа одлука против отворање рудници и стопирање на изградбата на комплексот „Казандол“. На 24 гласачки места не излегле потребните 5072 граѓани за да биде исполнет законскиот цензус.

Општинската изборна комисија со официјални информации ќе се јави околу полноќ. Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ вели дека сè уште се чекаат резултатите од сите 24 избирачки места каде право на глас имале 10.141 граѓанин.

Од иницијативата тврдат дека имало констатирано низа притисоци и уцени кон граѓаните да не излегуваат на референдумско изјаснување. Сите забелешки биле евидентирани и ќе бидат процесуирани до надлежните органи за постапување.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико