Невидливи за државата – 800 „фантоми“ без документи и државјанство | Правдико

Правдико

   

Невидливи за државата – 800 „фантоми“ без документи и државјанство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Најмалку 800 лица се невидливи за државата –  немаат документи, ниту државјанство. На 300 од нив досега им е помогнато да станат полноправни членови на заедницата, покажуваат проценките на УНХЦР. Бројката на „фантомите“ е поголема, но за таа точно да се утврди и да се реши проблемот, според надлежните, потребно е да се подигне јавната свест за таквите лица сами да се пријават, но и со законски измени да се отстранат административните пречки и да им се помогне да го надминат проблемот.

Даг Сигурдсон од УНХЦР на презентацијата на извештајот #IBelong истакна дека пред три години е направено истражување со кое се идентификувани 800 лица кои имале проблем со немање документи и државјанство. „Успеавме да решиме 300 случаи. Треба да ја подигнеме јавната свест со темелни и сеопфатни кампањи,  и на ваков начин луѓето кои имаат проблем ќе истапат и ќе побараат помош ако се убедени дека таа помош ќе им биде дадена. Мислам дека знаеме за 800, но надвор има повеќе луѓе кои се соочуваат со овој проблем“, рече тој.

Станува збор за лица кои немаат пристап до ниту едно право, што ги прави исклучени од општеството и резултира со живот во сиромаштија. „За нас тоа е приоритетно прашање бидејќи ако социјалните ризици се генерираат кај многу деца во Македонија тие стануваат потенцијални социјални корисници или граѓани кои ќе живеат во длабока сиромаштија во идниот период“, вели министерката за труд и социјална работа, Мила Царовска.

Според неа, неопходно е да се направи регистар на граѓани бидејќи во моментов нема точна бројка колку лица во Македонија се без документи. Треба да се отстранат административни пречки бидејќи тоа е техничко, а за овие граѓани животно прашање.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико