Незаконски издал 22 одобренија за сеча на шума без комплетна документација | Правдико

Правдико

   

Незаконски издал 22 одобренија за сеча на шума без комплетна документација

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

unnamed (1)Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, ПС Струга поднесе кривична пријава против А.К.(49) од с.Лабуништа, струшко. Пријавениот, во текот на минатата година, во својство на службено лице-лиценциран работник за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост овластен од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, ги пречекорил своите овластувања и незаконски издал 22 одобренија за сеча на приватна шума, без комплетна документација и одобрил сеча на 1470 м3 дрвна маса.

Тој постапил спротивно на правилникот за видот и евиденција на сеча и ги издал одобренијата за сеча на повеќе локалитети во струшко, иако странките не го доставиле потребниот геодетски елаборат туку приложиле скица од теренско мерење и технички извештај.

На тој начин, пријавениот А.К.овозможил противзаконска сеча на 387 м3 дрва во корист на барателите, стекнувајќи се со противправна имотна корист од97.524,оо денари. Во два предмети, издал испратници за поголема количина на дрва од претходно одобрената со што пријавениот им овозможил на барателите за сеча да се стекнат со противправна имотна корист од 109.125,оо денари.

Во осум други предмети, А.К. потполнал и издал испратници за транспорт на пресечените дрва кои приватните лица ги пренесле до крајната дестинација, неуплатувајќи ги потребните парични средства, законски предвидени во Законот за шуми, со што бил оштетен буџетот на Република Македонија во износ од 164.612 денари.

Партнери на Правдико