Незаконски ловеле риба во Дебар, полицијата им ги заплени чамецот и мрежата | Правдико

Правдико

   

Незаконски ловеле риба во Дебар, полицијата им ги заплени чамецот и мрежата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата во Дебар поднесе кривична пријава против жители на селото Долгаш, општина Центар Жупа, поради „незаконски риболов“.

Пријавените го сториле делото во водите на Дебарското Езеро. Тие биле фатени во незаконит риболов од концесионерот на Дебарското Езеро, а потоа затекнати на местото од полициски службеници.

При извршената контрола, кај пријавените пронајдени се и одземени еден чамец марка „Интекс-Еxплорер 400“ и една мрежа во должина од 400 метри.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико