Незаконски си префрлиле 15 државни парцели на нивно име | Правдико

Правдико

   

Незаконски си префрлиле 15 државни парцели на нивно име

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

policija-2СВР Куманово во рамките на ОА„Гора“ поднесе кривична пријава против И.А.(53) од с.Режановце-кумановско, поранешен вработен во Агенцијата за катастар на недвижности, поради постоење основи на сомнение за сторени две продолжени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службенаисправа“, додека Ј.Ј.(63), С.Т.(65) и С.П.(63) сите од с.Пелинце-Кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторени две продолжени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и„пустошење шума“

Во 2012 и 2013 година, И.А. како референт за геодетски работи во Агенцијата за катастар на недвижности на Р.Македонија-Одделение за кастастар на недвижности Куманово, оформил предмети за наводно исправка на техничка грешка по службена должност за 15 парцели со површина од 168.697 метри квадратни од катастарската општина Пелинце кои биле во сопственост на Р.Македонија, како и една парцела од истата општина со површина од 7.703 метри квадратни со неутврдена права на сопственост.

По ова, изготвил потврди за исправка на техничка грешка и по службена должност внел невистинити податоци за сопственост, ги заверил потврдите со свој потпис, ги спровел во електронскиот систем на Агенцијата и за паричен надомест од 1.200 евра ги префрлил во имотните листови каде крајни сопственици се второ, трето и четврто пријавените, како и на лицата Б.П., Д.П., М.П., Р.С., Б.С., В.С .,Д.С. С.С., С.Т., Б.Т., М..А. и Д.Ј. По ова, второ, трето и четвртопријавените таквите имотни листови во текот на 2013 и 2014 година ги искористиле како вистинити пред лиценцирани лица за вршење на стручни работи од областа на шумарството во приватни шуми по што добиле одобрение за сеча на огревно дрво и од пет катастарски парцели исекле 203,8 метри кубни огревно дрво, со што го оштетиле Буџетот на Р. Македонија за износ од 1.426.600 денари.

Препорачуваме

Партнери на Правдико