Незири:Кривични пријави за реекспорт во Русија | Правдико

Правдико

   

Незири:Кривични пријави за реекспорт во Русија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кривични пријави ќе заработат одговорните кои извезувале во Русија производи кои не биле со македонско потекло, најави министерството за економија.

neziri-1-

За два дена ќе се знае дали македонски компании продавале земјоделски производи во Русија како домашни, а биле со потекло од Европската Унија и со тоа го прекршиле трговското ембарго на оваа земја кон европските држави. Поради заканата од забрана за увоз на македонски производи во Русија, реагираше и Владата. На вчерашната седница било решено да им се наложи на МВР, земјоделскиот инспекторат, Царинската Управа и Агенцијата за храна и ветеринарство во рок од два дена  да направат анализа дали ваквиот извоз навистина се случил. Ако по добиените информации се утврди дека македонски фирми вршеле реекспорт на европски производи во Русија, за одговорните ќе следат кривични пријави – вели министерот за економија Беким Незири.

Инаку земјава има рок од 7 дена колку што вчера дадоа руските власти за да докаже дека производите што ги извезува се македонски. Тоа значи дека треба да се пратат материјали за системска проверка на извезените производи, како и заклучоци за автентичноста на фитосанитарните сертификати. Руската агенција за увоз доставила и конкретна листа на производи за кои постои сомнеж дека не се македонски. Неофицијално, тамошните власти почнале да се сомневаат во потеклото, по увоз на контингент јаболка и компир.

Извор: Дневник

Препорачуваме

Партнери на Правдико