Ни метар понатаму: Македонските камионџии блокирани на ирачко-турската граница
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Македонски возачи на камиони, 20 од нив, се блокирани на ирачко-турската граница, а како причина е одлуката на Турција да ја затворат границата од безбедносни причини.
Возачите се блокирани на граничниот премин „Ибрахим Халил“ во близина на ирачкиот град Зако.
Министерството за надворешни работи на Македонија соопшти дека е во контакт со македонскиот амбасадор во Анкара и со турската влада, како и со возачите, се прават напори да влезат во Турција.
Еден од возачите, Здравко Колев од Кавадарци, вели дека тие се безбедни, но не можат да ја преминат границата.
Тој и неговите колеги носеле јаболка и други земјоделски производи од Македонија во Ирак.
На граничниот премин „Ибрахим Халил,“ има повеќе од 6.000 камиони, кои не можат да го напуштат Ирак и да го продолжат своето патување низ Турција. Засега нема најава кога ќе биде отворена границата.