Нигерија: Антикорупциската комисија обвинета за корупција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Претседателот на антикорупциската комисија на Нигерија, задолжен за економски и финансиски криминал, ќе треба пред Сенатот да одговори на обвинувањата за проневера од милијарди долари.
Ибрахим Ламорде и други официјални претставници на Комисијата за борба против корупцијата се наводно во спрега со банките и агенциите за недвижности, кои заедно проневериле скоро 15 милијарди долари .
Случајот е пријавен од сопственик на една компанија кој приложил докази за тоа. .
Обвинението е покренато во време додека Антикорупциската комисија тврди дека ги извршуваат ветувањата на новиот претседател на Нигерија, Мухамауд Бухари за искоренување на корупцијата.
Обвиненијата против Ламордеа и неговите комисии се политички мотивирани, соопшти портпаролот на Комисијата Вилсон Ујуварен во вторникот.