Николовски: Контрола на функционерите, се брои и секоја чаша вода | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Николовски: Контрола на функционерите, се брои и секоја чаша вода

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кабинетот на вицепремиерот за борба против корупција, во владина постапка, предложил уредби за дефинирање и ограничување на тоа што е репрезентација, колку може министер или заменик министер или директор да потрошат, информираше денеска вицепремиерот Љупчо Николовски.

„Од страна на мојот кабинет во владина процедура се неколку постапки водени со Државниот завод на ревизија за тоа како се трошело расипнички во изминатиот период, а уште нема одговорност иако има докази и кривични пријави. Мојот кабинет во владина постапка предлага уредби за дефинирање и ограничување на тоа што е репрезентација, колку може да троши министер, заменик министер или директор, како ќе се регулираат со акти службените картички и секо еден денар кој го тошиме од граѓаните“, изјави денеска Николовски и додаде дека ќе се регулира и користењето на возила, а што помалку непродуктивни трошења од страна на политичарите.

Вицепремиерот вели дека сега се работело многу построго, „министрите во најголем дел не користат службени картички, им се брои секоја чаша вода и нема такви функционери кои сега се луксузираат и трошат како пред 2017 година“.

На новинарско прашање за неправилности во работењето на државни функционери и по пријави од Антикорупциската комисија, вицепремиерот рече дека е постапено и по повеќе случаи отколку што пријавила Државната комисија за спречување на корупција.

„Имаме разрешени повеќе директори, заменици директори, претседатели на управни и надзорни одбори… отколку што предложила Државната комисија за спречување на корупцијата, за кои информаците стасаа до мене директно од граѓаните и медиумите“, рече Николовски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на сепарацијата за песок и чакал во Долно Коњаре.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико