Нимиц свика средба во Њујорк на 6 мај | Правдико

Правдико

   

Нимиц свика средба во Њујорк на 6 мај

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Посредникот во разговорите за спорот за името амбасадорот Метју Нимиц свика нова рунда разговори на 6 мај во Њујорк. Според соопштението на Обединетите нации, двајцата посредници во разговорите, амбасадорот Зоран Јолевски и грчкиот дипломат Адамантиос Василакис, ја прифатиле поканата. nimic Според утврдениот формат, Нимиц првин ќе се сретне одделно со двајцата посредници, а потоа и на заедничка средба во седиштето на Обединетите нации. Оваа средба, која доаѓа пред европските и локалните избори во Грција, беше најавена по претходните разговори во Њујорк на 26 март. Нимиц тогаш најави и посета на Македонија и Грција, откако во двете земји ќе завршат изборните циклуси. Извор: Дневник

Препорачуваме

Партнери на Правдико