Нимиц: Терминот Македонија останува во новото име | Правдико

Правдико

   

Нимиц: Терминот Македонија останува во новото име

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Терминот Македонија ќе биде содржан во предлог-решението за името бидејќи веќе го имаат признаено повеќе од 100 земји во светот, изјави медијаторот во спорот за името, Метју Нимиц.

Неговата изјава беше дадена за грчката телевизија „ТВ Антена“ непосредно пред почетокот на новата рунда од преговорите помеѓу претставниците од Македонија и Грција на чело со Васко Наумовски и Адемантиос Василакис, што се одржува во Њујорк.

Тој потсети дека во името на земјата, која е примена во Обединетите нации како поранешна југословенска Република Македонија, исто така се содржи терминот Македонија, со што ова име е прифатено и од самата Грција.

Нимиц додаде дека спорот за името трае долго време и очекува да биде пронајдено решение што ќе ги задоволи двете страни.

Меѓународниот медијатор смета дека Грција треба да игра значајна улога во регионот, а еден од начините да го направи тоа е решавањето на спорот со својот сосед со цел Скопје да може да продолжи да се движи на евро-атлантскиот пат.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико