Правдико

   

Нинџа, Кољо, Ќосето и Југ се собрале во ресторанот „Дион“ пред упадот во Собранието

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во кривичниот суд почна изведувањето на материјалните докази за предметот за 27 април.

Обвинителката Ивана Трајчева по снимките од собраниската сала, презентира снимки од видеокамерите над ресторанот „Дион“ и Стопанска банка на кејот на Вардар.

Обвинителката ги презентира снимките од критичниот ден од 16.30 часот кога почнуваат да се собираат обвинетите. Таа ги посочи обвинетите Никола Митревски – Кољо, кој, како што рече, го носи истиот елек што обвинетиот денеска го носи во судницата, потоа Захарије Симовски, Горанче Ангеловски – Ќосето, Стефан Младеновски, Илија Славевски, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски.

Потоа, во „Дион“ доаѓаат 6 непознати лица, меѓу кои и обвинетиот Игор Југ.

На видеоснимката од камерата се гледаат и други непознати лица како постојано влегуваат и излегуваат од ресторанот. Според обвинението, во ресторанот им биле поделени фантомките на напаѓачите кои пред 19 часот влегоа во собраниската зграда.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико