Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти, по доброволното тестирање, 24 биле позитивни на коронавирусот.
Од Министерството потврдуваат дека ниту еден од нив не е регистриран во базата на позитивни случаи на Ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Претходно, Министерството за здравство информира дека по проверка на информациите со службите од скопскиот аеродром и граничната полиција било утврдено дека се работи за патници, иселеници, кои доаѓаат во Македонија или транзирираат преку Македонија од разни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за кои со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата.
Според добиените податоци, во посочениот лет повеќето од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а преостанатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши.
Извор: Макфакс