Повик за номинации за Наградата за човекови права на CCBE за 2016 година
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Советот на адвокатски комори и правни здруженија на Европа (ССБЕ) објави повик за номинации за Наградата за човекови права за 2016 година.
Наградата, која CCBE ја воведе во 2007 година, се доделува секоја година на адвокат или организација кои со своите делувања во областа на човечките права допринеле за честа и угледот на правната професија. Областа човекови права треба да се толкува на најширок можен начин (ова ќе овозможи, на пример, можност за доделување на наградата и на адвокат кој е жртва на кршењето на човековите права).
Кандидатите за наградата до CCBE можат бидат предложени преку членка на CCBE, односно преку матичните адвокатски комори и здруженија. Пријавувањето е најдоцна до 25 мај, 2016 година.
Наградата официјално ќе биде доделена од претседателот на CCBE на пленарната седница што на 2-3 декември 2016 година ќе се одржи во Брисел.