Норвешка подигнува ограда за бегалците на границата со Русија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Норвешка гради челична ограда на оддалечениот артички премин кон Русија поради зголемувањето на бројот на бегалци и мигранти кои пристигнаа од тој правец минатата година.
Овој потег беше многу критикуван од страна на организациите за заштита на правата и загриженост дека тоа би можело да им наштети на односите со поранешниот непријател од Студената војна.
Владата тврди дека новиот премин со оградата, во должина од околу 200 метри и 3,5 метри висока треба да ја зголеми безбедноста на местото.
Подигање на ограда на местото каде минатата година во земјата влегле 5.500 бегалци и емигранти, главно од Сирија, ги одразува промените во јавните ставови кон бегалците.
Тоа се забележува во Шведска, која оваа година воведе гранични контроли и построги правила за азил.
Организации за заштита на правата на бегалците и некои опозициски политичари сметаат дека со оградата ќе се спречи приливот на бегалците но исто така непотребно ќе потсетува на Студената војна во регионот.
Оградата ќе биде подигната за неколку недели, пред почетокот на зимата, со цел да го спречат влегувањето во земјата низ шумата, пренесува Хина.
Оваа година, никој не побарал азил на северната граница, норвешкиот органи.
Русија се уште има ограда долж 196 километри долгата граница со Норвешка.