Норвежани переле пари во Албанија, запленети 600 илјади евра | Правдико

Правдико

   

Норвежани переле пари во Албанија, запленети 600 илјади евра

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Албанското јавно обвинителство поради перење пари од двајца новешки државјани заплени 6оо илјади евра. Албанските медиуми јавија дека обвинителството обезбедило факти, според кои, норвешките државјани Ове Јохансен и Јо Борген Нилсен, преку фирмата ,,Норвегиан Голф Девопемнт Ас“ регистрирана во Норвешка, регистрирале и фиктивна фирма во Албанија. Нивната активноста имала за цел перење на 8оо илјади евра. Обвинителството во Тирана утврдило дека тие биле откриени при реализацијата на незаконската активност и покрај тоа што на почетокот имале успех.

Албанските медиуми кои се повикуваат на извори на обвинителството,информираат дека перењето на пари е поврзано со незаконско работење на двајцата норвешки државјани, кои парите ги обезбедиле со криминални активности. Според истиот извор, норвешките државјани слични активности имале и во Косово и некои други земји од регионот.

К.М.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико