Нов оглас за избор на претседател на Кривичниот суд | Правдико

Правдико

   

Нов оглас за избор на претседател на Кривичниот суд

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Се поништува огласот за избор на претседател на Кривичниот суд, но и за избор на другите судии и претседатели на судови. Ваква одлука донел Судскиот совет на вчерашната седница.

Како што информираат оттаму, вон сила се ставаат сите активни огласи за избор на судија или претседател на суд, поради повторно огласување на изборот на судија, односно претседател на суд. Сите огласи објавени пред први јануари 2017 година се ставаат вон сила поради нивна застареност и поради процесот на редовно оценување на судиите за 2015 и 2016 година, велат од советот.

Овој процес се очекува да заврши во текот на наредната недела, па потоа да биде објавен нов оглас.

Сега Кривичен го води в.д. претседателот Стојанче Рибарев, кој последно направи нов распоред и прераспределба на судии,  за кој дел од судиите се сомневаа дека е наменски направен со цел да не можат да одлучуваат по предметитие на СЈО. Рибарев во соопштение до медиумите потврди дека е направен нов распоред на судиите, но ги отфрли обвинувањата дека има поврзаност со предметите на Специјалното јавно обвинителство.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико