Нов правилник за издавање меѓународна возачка дозвола | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Нов правилник за издавање меѓународна возачка дозвола

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sodozВрз основа на член 394 алинеја 19 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/15, 226/15 и 55/16), министерот за внатрешни работи донесе Правилник за формата и содржината на обрасците на барањата за издавање на меѓународната возачка дозвола и одобрение за управување со туѓо моторно возило во странство, како и формата и содржината на образецот на меѓународната возачка дозвола и одобрението за управување со туѓо моторно возило.

Со овој правилник се пропишуваат формата и содржината на обрасците на барањата за издавање меѓународна возачка дозвола и одобрение за управување со туѓо моторно возило во странство, како и формата и содржината на образецот на меѓународната возачка дозвола и одобрението за управување со туѓо моторно возило во странство.

Во правилникот стои:

Mеѓународна возачка дозвола

Барањето за издавање на меѓународна возачка дозвола содржи:

– Барање за издавање на меѓународна возачка;
– назив на органот кој го издава барањето;
– податоци за подносителот на барањето;
– податоци од возачката дозвола (број, орган кој ја издава, датум на издавање, датум на важење, категорија за која дозволата важи и место за  запишување на времетраењето на прекршочната санкција и евентуално ограничување на дозволата);
– податоци од лична карта (број, орган кој ја издава и датум на издавање);
– датум и место на поднесување на барањето;
– потпис на подносителот на барањето;
– податоци од меѓународната возачка дозвола (орган кој ја издава, датум на издавање, сериски број на дозволата и категорија на возила за која се издава);
– потпис на возачот;
– потпис на службеното лице кое го примило барањето и
– прилог кон барањето.

Во прилог на барањето се приложува:

– важечка лична карта;
– важечка возачка дозвола;
– две фотографии 45x35mm;
– потврда од Министертвото за внатрешни работи за прекшочнаа санкција забрана за управување со моторно возило и
– доказ за извршена уплата.

Oдобрение за управување со туѓо моторно возило во странство

Барањето за издавање на одобрение за управување со туѓо моторно возило во странство содржи:

– Барање за издавање на одобрение за управување со туѓо моторно возило во странство;
– назив на органот кој го издава барањето;
– податоци за подносителот на барањето;
– податоци за сопственикот на возилото (физичко или правно лице);
– прилози кон барањето;
– потпис на сопственикот на возилото;
–  потпис на корисникот на возилото;
– потпис на овластеното правно лице;
– место за печат;
– датум и
– забелешка за странец.

Во прилог на барањето се приложува:

– важечка лична карта на сопственикот на возилото;
– овластување од правното лицe;
– важечка патна исправа на корисникот (лична карта/пасош број);
– регистарски таблици на возилото;
– марка и тип на возилото;
– сериски број на сообраќајната дозвола;
– датум на издавање;
– период на важење и
– сериски број на одобрението.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико