Нов Рамковен – или Охридски договор со уставни измени?
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Додека во Клубот на пратениците паралелно со преговорите за медиумиски реформи се дебатира и на темата Рамковен договор, документот со кој ДУИ идниот месец ќе побара уставни и законски измени за статусот на Албанците е веќе готов. Документот до кој дојде Телма, кој е во форма на анализа и препораки, но неговите носители го именуваат и како Нов рамковен договор, е потпишан од страна на вицепремиерот Муса Џафери и Питер Фејт, како претставник на Европскиот институт за мир, инаку посредник во конфликотот од 2001 година.
Албанскиот јазик треба да стане официјален на целата територија на земјата. На Албанците ќе им биде гарантирана комуникацијата со државните и општинските институции на мајчиниот јазик, независно дали се работи за општини каде нивниот број е над 20 проценти од вкупното население, или пак за општини каде тој број е помал или во незначителен број. Со уставни измени би требало да се избрише критериумот 20 проценти од населението на локално ниво, кој, според предлагачите, не само што на Албанците им создава чувство на навредливост туку и дека еден ден би можеле да ги загубат правата доколку нивниот број во државата падне под 20 отсто. Документот со бројните одредби практично ја издигнува албанската заедница над другите помали заедници. Анализата ќе им биде доставена на партиите, кои ќе бидат првиот филтер пред евентуалната одлука, најави минатата недела вицепремиерот Џафери.
Дали за македонските партии ќе бидат прифатливи ваквите измени на Охридскиот договор или пак во нив ќе прочитаат вовед во федерализација, останува да се види. Инаку, за да можат сите институции да одговорат на комуникација различна од македонската, се препорачува основање на преведувачки центри во општините и основање на нова инспекцска служба за спроведување на Законот за јазиците. Воедно, ќе се стимулира образованието на поголем број преведувачи и ќе се водат кампањи кои ке објаснуваат дека повеќејазичноста е придобивка.
Панта Џамбазоски
Извор: Телма