Нов скандал со прислушување: Две години некој им ги снимал фиксните телефони на обвинителите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Републичкиот јавен обвинител на брифинг со новинарите откри дека Основното јавно обвинителство води предистражна постапка за телефонската централа во зградата на обвинителството. Станува збор за два хард-диска на кои биле снимани сите влезни или излезни телефонски разговори во зградата. Разговорите се од 30 септември 2016 година до денеска.
Предистражната постапка треба да утврди дали било прислушувано и Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Треба да се утврди дали некој имал пристап до податоците, дали ги изнесувал, бришел и сл.
Државниот обвинител Љубомир Јовески рече дека се испитува извесен период дали тоа го правело лице или лица од обвинителството или од надвор.
Извор: Макфакс