Правдико

   

Нов судски процес против Берлускони

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пред Суд во Неапол вчера се одржа судски процес против поранешниот италијански премиер Силвио Белускони под обвинение за подмитување на сенатор.

data

Станува збор за случај по парламентарните избори во 2006 година, на кои левата коалиција на Романо Проди освои само неколку гласа повеќе од блокот на Берлускони и обезбеди мнозинство во Сенатот. Меѓутоа, неколку месеци по изборите, еден од сенаторите на левицата премина во коалицијата на Берлускони, што доведе до пад на Владата на Проди.

Обвинителството го товари Берлускони дека му дал три милиони евра на сенаторот „бегалец“, со цел да премине во неговиот блок. Обвинението се темели на изјави на сенаторот кој тврди дека добил три милион евра од Берлускови од кои два милиони во готово.

Продолжението на овој судски процес против Берлускони е закажано за 29 септември.

Извор: 24Вести

Партнери на Правдико