Нов закон за занаетчиите | Правдико

Правдико

   

Нов закон за занаетчиите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

SONY DSCПравната рамка која ја регулира областа на занаетчиството е Законот за вршење на занаетчиска дејност, кој е донесен во 2004 година.

Политиките за развој и поддршка на занаетчиството се дефинирани во Национална стратегија за развој на занаетчиството (2012-2020) и Годишни програми за развој на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на МСП, кои предвидуваат средства за кофинансирање на проекти за поддршка и промоција на занаетчиството и субвенции за традиционалното занаетчиство.

Постојат неколку причини од кои произлезе потребата за носење на нова регулатива за вршење на занаетчиската дејност, а се однесуваат на недоволно прецизирање на одредбите во постоечкиот закон, неефикасно функционирање на системот „регионални занаетчиски комори“ како и нефункционалност на системот на образованието кај занаетчиите во делот на мајсторски испит и основањето на центрите за обука.

Постоечкиот систем на регионално коморско здружување на занаетчиите е неефикасен бидејќи постои недоволен просторен и административен капацитет во регионалните комори за спроведување на обуки на занаетчиите, развој на занаетчиството и нивна соодветна поддршка. Досегашното искуство покажува дека недостасува координацијата и соработката помеѓу регионалните комори и ЗКРМ, не се одржуваат заеднички средби на кој би се разменувале искуства и би се креирале планови за соработка и развој. Исто така не се пројавени заеднички иницијативи на коморите за подобрување на нивната работата и взаемна соработка како и заедничко аплицирање на проекти за искористување на достапните фондови. Со ова Владата нема на располагање соодветен социјален партнер за соработка со кој ќе може заедно да ги креира политиките за развој на оваа гранка.

Моменталниот систем на здружување на занаетчиите се одвива преку воспоставените 15 Регионални занаетчиски комори и една Национална Занаетчиска комора на Република Македонија. Функционалноста на овој систем е неефикасна и доколку се продолжи и понатаму да се спроведува, без никакви унапредувања, постоечките проблеми и трошоци ќе се продлабочуваат и зголемуваат. Постои нејасно дефинирање на односите помеѓу Занаетчиската комора на РМ и Регионалните комори, улогата на ЗКРМ како социјален партнер на Владата е несоодветно исполнета и во иднина може целосно да се изгуби. Бидејќи соработката помеѓу коморите е несоодветна и не се пројавени иницијативи за развој на занаетчиството, Владата нема силен партнер преку кој може да ги спроведува проектите.

Поради проблемот со непостоење на централна база на податоци, односно централен занаетчиски регистар, доколку истата не се воспостави и не се одржува Владата ќе креира политики врз основа на нецелосни информации. Некој од позначајните проблеми со кои се соочуваат занаетчиите е слабата конкурентост на занаетчиските производи и услуги појавата на нелојална конкуренција и ниски цени од увезените занаетчиски производи од странство. Моментално регионалните комори имаат несоодветен капацитет за ефикасно опслужување и задоволување на потребите на занаетчиите. Капацитетите на регионалните комори за одржување на обуки за занаетчиите за развој на стручните вештини е многу слаба и со значително повисоки трошоци, што во иднина може дополнително да се зголемуваат како ќе се зголемуваат и потребите на занаетчиите.

За целите на оваа Проценка на влијанието на регулативата беа разгледувани и споредувани три можни опции за регулирање на концептот за вршење на занаетчиска дејност, и тоа:

  1. Унапредување на постоечкиот систем на регионално коморско здружување,
  2. Воспоставување на Централна комора
  3. Воспоставување на Централна комора со упис на занаетчиите во Централниот регистар на Република Македонија.

Нацрт Законот за занаетчиство можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико