Правдико

   

Нова пријава против Стевчо Јакимовски за незаконска изградба на општинската зграда во Карпош

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и уште четири лица од општината  поради злоупотреба на службената положба и овластување. Како што се наведува во соопштението на финасиската полиција, потпишано од директорот Арафат Муареми, ,,наместо да спречува дивоградби, градоначалникот дозволил објектот на Општина Карпош, каде што е сместена општинската администрација, да се изгради без одобрение за градење и без соодветна архитектонско – урбанистичка документација”.

Пријавата е поднесена до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, и тоа против  С.Ј. во својство на градоначалник на Општина Карпош, М.Д. – раководител на Сектор за јавни набавки, Н.Н.- помошник-раководител на Сектор за финансиски прашања, С.М. – раководител на Одделение за норматива во правен Сектор и А.С. – раководител на Одделение за сметководство.

Кривичната пријава е поднесена поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела ,,злоупотреба на службената положба и овластување” казниво по член 353 ст. 5 в.в. ст. 1 в.в. со продолжено кривично дело член 45 и в.в. со соизвршителство член 22 од Кривичниот законик.

Пријава за „бесправно градење“ е поднесена и против Ј.К., надзорен инженер во „Карапанчевски компани“ ДОЕЛ Скопје во својство на надзор и А.М., одговорно лице во правното лице „Алконпроект“ ДООЕЛ Тетово во својство на изведувач поради постоење основање сомнение дека сториле кривично дело „бесправно градење“, како и против тие две правни лица.

Првопријавениот Јакимовски во својство на градоначалник на Карпош како инвеститор на изведување работи за „Демонтажа, дислокација и изградба на четврта и петта барака на бул. `Партизански одреди` бр. 68“ и „изведба на демонтирани и четврта и петта барака во рамки на урбанистичката парцела на ОУ „Лазо Трповски“, во тек на 2012 и 2013 година спротивно на членовите 56, 59 и 67 од Законот за градење без одобрение за градење и соодветна архитектонско-урбанистичка документација во име и за сметка на Општина Карпош изградил две бараки наменети за општинската администрација. Потоа, поднел барање за легализација на двете бараки кое лично го потпишал иако согласно со член 2 став 3 в.в. стр. 1 и 2 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти бараките не можеле да бидат предмет на легализација затоа што се изградени по стапување во сила на Законот за легализација.

Ј.К., пак, во својство на надзорен инженер во „Карапанчевски компани“, ангажиран од општина Карпош за вршење стручен надзор, во тек на 2012 и 2013 година согласно со член 36 од Законот за градење бил должен да врши проверка над изградбата дали е во согласност со основниот проект и одобрението за градење и да го запознае инвеститорот и надлежниот градежен инспектор за утврдените недостатоци или неправилности констатирани во тек на градбата и да ги забележи во градежниот дневник. Спротивно на Законот за градење, надзорниот инженер вршел надзор над демонтажата и изградбата на општинските бараки без одобрение за градење, потпишал градежен дневник, градежна книга и времена ситуација, се наведува во соопштението на финансиската полиција.

Третопријавениот А.М., како одговорен во изведувачот на работите „Алконпроект“ ДООЕЛ Тетово во рамки на урбанистичката парцела на ОУ „Лазо Трповски“, ангажиран од Општина Карпош, согласно со член 29 од Законот за градење бил должен да изведува градежни работи согласно со одобрението за градење, ревидираниот основен и изведбениот проект. Спротивно на Загонот за градење, укажува УПФ почнал со градежни активности на објектот без одобрение за градење и целосно ги изградил општинските бараки.

Управата за финансиска полиција посочува дека според  член 50 од Законот за локална самоуправа, градоначалникот е претставник и застапник на Општината, раководи со општинската администрација и обезбедува правилно и законско користење, одржување и заштита на сопственоста на Општината во согласност со закон и статут. Според член 56 од Законот за градење, пак, изведувањето градби може да почне со издавање одобрение за градење правосилно во управна постапка, а градбите и деловите од градби издадени без одобрение за градење се бесправни градби. Согласно со член 59 од Законот за градење, инвеститорот имал обврска писмено да го пријави почнувањето на градбата до надлежниот орган, градежната инспекција и инспекцијата на трудот пред почетокот на изградбата.

Поранешниот градоначалник на Карпош секоја понеделник има обврска да се појавува во кривичниот суд во Скопје, откако судот му изрече мерка за претпазливост, откако  финансиската полиција го осомничи за злоупотребата на службената положба и овластување при спроведување на два тендери. Како мерка на претпазливост на Јакимовски му беше одземен и пасошот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико