Нова програма за правосудниот испит со дополнителни 55 книги | Правдико

Правдико

   

Нова програма за правосудниот испит со дополнителни 55 книги

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врз основа на членот 7 од Законот за правосудниот испит (,,Службен весник на Република Македонија” бр.137/2013), министерот за правда ја  донесе програмата за полагање на правосудниот испит.

Student-Studying

Програмата се состои од 5 делови и тоа:

1. Уставно уредување на република македонија, организацијана судството и управно право, право на европска унија,европска конвекција за заштита на човековите права и основни слободи, европски суд за човекови права

2. Кривично право (материјално и процесно)

3. Граѓанско, материјално и процесно право

4. Трговско право и

5. Трудово право

За разлика од претходната програма за полагање на правосудниот испит од 2010 година, во оваа програма материјалот за припремање на правосудниот испит е проширен. Покрај постоечките се додадени и нови закони кои кандидатите ќе мораат да ги научат за да го положат испитот.

Како поголем новитет во оваа програма е воведувањето на Дополнителна литература   од 1000 преведени книги од областа на правото која  треба да биде вградена при изготвување на прашањата. Дополнителната литература се состои од 55 преведени изданија.

Овие нови дополнувања и значително проширување на програмата за правосудниот испит, наиде на негативни реакции кај идните  кандидати.  Покрај големата бројка на закони и преобемниот материјал  за припремање на испитот, беспотребно е  оптеретувањето со дополнителната литература од 55 книги кои студентите ќе мора да ги прочитаат, бидејќи како што е наведено во програмата и тие книги ќе бидат дел од изготвувањето на прашањата за испитот.

Дали со оваа програма се прави обид да се промовираат преведените книги или е некој експеримент на министерството за правда времето ќе покаже.

Програмата можете да ја превземете ТУКА

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Адвокатски приправници и услов за полагање правосуден испит

– Новиот начин на полагање на правосудниот испит

– Новиот начин на полагање на правосудниот испит најверојатно од декември

Препорачуваме

Партнери на Правдико