Новата грчка влада ќе ги легализира истополовите бракови | Правдико

Правдико

   

Новата грчка влада ќе ги легализира истополовите бракови

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Новата грчка влада вети дека ќе ги легализира истополовите бракови, како одговор на пресудата на Европскиот суд за човекови права од 2013, со која Грција се критикува поради вршење на дискриминација.

gay-marriage-taxes_2489880b

Грчкиот министер за правда Николаос Параскевопулос вчера во парламентот ијзави дека статусот на граѓанското партнерство, озаконето во 2008 година, ќе биде проширен и на истополовите бракови, но не напомена дека таа промена ќе биде спроведена.

Европскиот суд за човекови права во 2013 година, пресуди во корист на подносителот на тужбата, со која Грција беше тужена поради законот за граѓанско партерство. Новата грчка влада е составена од левичарската Сириза, која на изборите пред две недели ги победи конзервативните и десничарските партии кои во минатото силно се противеа за воведување на истополовите бракови.

Извор: pressonline.rs

 

 

Партнери на Правдико