Новата методологија за проширување пред телата на ЕУ | Правдико

Правдико

   

Новата методологија за проширување пред телата на ЕУ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Советот за општи и заеднички работи на Европската унија на денешниот состанок ќе расправа за новата методологија за пристапните преговори со земјите од западниот Балкан. Хрватската државна секретарка Андреја Метелко- Згомбиќ, во име на претседавач со Европската унија, рече дека денешниот состанок е првиот чекор.

“Европската комисија ќе не извести за предлогот за идната ревидирана методологија за проширување и за тоа како течат подготовките за извештаите за напредокот на Северна Македонија и на Албанија“, рече таа пред состанокот.

На него ќе учествува и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој во почетокот на месецов ја претстави новата методологија. Посебниот извештај за напредокот на Скопје и Тирана кој го подготвува неговиот кабинет се очекува да биде објавен во почетокот на март и од него ќе зависи одлуката за двете земји.

Макрон ќе поддржи преговори за С. Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој лани беше главниот противник на датумот за преговори за двете балкански земји, неодамна изјави дека доколку во март бидат позитивни резултатите од извештајот на ЕК тој ќе го поддржи започнувањето на преговорите.

Вархеји: Северна Македонија и Албанија се способни да спроведат реформи

Според првичниот распоред, ако извештајот за двете земји е позитивен, Советот за општи работи на ЕУ би требало на мартовскиот состанок да ги усогласи ставовите на земји членки за зелено светло за преговори со Скопје и Тирана. На самитот, пак, кој ќе биде одржан неколку дена подоцна шефовите на држави и влади на членките на ЕУ би требало да го кажат и конечниот збор.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико