Новата Влада планира продолжен рок на СЈО, специјално судско одделение и Закон за заштита на сведоци
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.„Владата на Република Македонија ќе ги овозможи сите институционални, материјални и севкупни услови потребни за работа на Специјалното јавно обвинителство, пред кое стои огромна одговорност за расчистување на скандалот со прислушување и борба против корупцијата, криминалот и злоупотребите на власта“, пишува во предлог-програмата на Владата доставена до Собранието.
Во програмата уште пишува дека Владата итно ќе предложи продолжување на рокот во кој СЈО може да покренува обвиненија, како и заштита на сведоците во случаите кои се во негова надлежност со што ќе овозможиме квалитетни истраги, одговорност за сите злоупотреби и ефикасно функционирање на правната држава.
Најавено е дека Владата до Собранието ќе предложи законски измени: за зголемување на транспарентноста во работата на Судскиот совет, заради негова поголема професионалност, независност и совесност во работата, за реформа на Академијата за судии и јавни обвинители, за укинување на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната, како закон кој содржи парадоксални и неодржливи решенија.
Извор: Макфакс