Новата Збирка на судски одлуки чекор кон усогласувње на судската пракса во сопственичките односи | Правдико

Правдико

   

Новата Збирка на судски одлуки чекор кон усогласувње на судската пракса во сопственичките односи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во издание на Институт за истражување и европски студии – Битола,  излезе во продажба  книгата ,,Збирка на судски одлуки од примената на Законот за сопственотст и други стварни права” од авторот адвокат М-р Алекснсандар Георгиев Калица од Битола.

Со 250 извадоци од пресуди, систематизирани според содржината на Законотза сопственост и други стварни права, во кои се содржани правни ставови и мислења на Врховниот суд и Апелационите судови во Македонија, се обработуваат најгорливите имотно правни спорови кои се чести во судската пракса.

Збирката е составена после истражување на преку 8000 пресуди, од кои внимателно се избрани 250 пресуди, со ставови и правни мислења, кои во континуитет се` до денес се провлекуваат низ судската пракса.

„Имотно правните односи како специфична материја отсекогаш наидувала на различни ставови во работата на судовите. Сметам дека со систематизирање на ставовите и мислењата на повисоките судови ќе дадам придонес кон усогласување на судската пракса посебно во делот на сопственичките односи. Воедначувањето на судската пракса води кон зголемена правната сигурност но и за зголемување на довербата на граѓаните во работењето на судскиот систем “, вели Георгиев.

Конструкцијата на збирката е составена од три типови на судски одлуки од кои повеќе од половината претставуваат актуелни правни стојалишта на  Врховниот суд  и Апелационите судови, во врска со одредени имотно-правни односи, кои и натаму се провлекуваат во судската пракса  во периодот од  започнувањето на примената на  Законот за сопственост и други стварни права.

Вториот тип на судски одлуки се извадоци – сентенци  од билтени и Збирки на судски одлуки од Врховниот суд и Аплационите судови, кои се јавно објавени во посебни изданија и претставуваат официјални правни ставови за одредени имотно-правни прашања, а додека третиот тип на судски одлуки го опфаќа периодот до стапувањето во сила на Законот за сопственост и други стварни права односно  одлуки објавени во Збирки на судски одлуки од Врховниот суд, произлезени од примената на ЗОСПО и правните правила на имотното право кои беа во примена до 1980 г.

Правните ставови и стојалиштата ,кои се опфатени во збирката, нормално не можат да се сметаат како конечни односно не можат да се исклучат определени отстапувања со оглед на специфичностите на самата граѓанска материја. Одредени отстапувања во примената на законот може да се прифатат како составен дел на секој правосуден систем, но отстапувањата не смеат да бидат такви на начин што при речиси идентична или иста фактичка состојба, да се носат сосема различни одлуки, без за истото да се даде аргументирано образложение.

Збирка на судски одлуки

Поради овие причини,  стандардизирање на судската пракса од страна на судовите посебно во имотно правните спорови е нужна, за како би можел гаѓанинот да очекува идентични или слични решенија за идентични имотноправни спорови, а со тоа и да му се гарантира правната сигурност во правосудниот систем.

Спрема тоа, донесувањето на различни и контрадикторни правосилни судски одлуки, за исти фактички и правни состојби, генерираат правна несигурност, која води кон повреда на правото на правично судење од член 6 од ЕКЧП.

Рецензент на книгата е проф.д-р Горан Илиќ од Институтот за истражување и европски студии – Битола, кој по трет пат се појавува како издавач на раритетните и со огромна стручна вредност дела на младиот адвокат и автор. Институтот настојува да обезбеди достапност на стручни дела со висок квалитет до стручната и пошироката јавност. Ова дело претставува пионерски чекор во обезбедувањето стручна литература во Македонија, која треба да поттикне, поучи и информира за потребата од воедначена судска пракса.

„Воедначувањето на судската пракса се појавува поради потребата за обезбедување на ефективна и квалитетна правда во една држава. Иманентна е потребата за кохерентна судска акција со цел да се обезбеди ефективна примена на правото во една држава. Различната примена на правото во една држава не само што негативно се одразува врз неговата примена во реални ситуации, туку значи и неправда. Имено, главниот проблем при спроведувањето на правото не смее да се лоцира само во квалитетот на текстот на позитивните правни прописи, туку и во начинот на неговата примена. Различната примена на правото директно го еродира принципот на правната сигурност и воопшто заштита на човековите права. Додека, значењето на принципот на правна сигурност како принцип инхерентен на правото на правично судење, подлежи и на стандардите утврдени од страна на Европскиот суд за човекови права, особено во случаите: “Spaseski and others v. the Former Yugoslav Republic of Macedonia”, “Vusic v. Croatia”, “Iordan Iordanov v. Bulgaria“, истакнува Илиќ.

Оваа збирка има за цел да и овозможи на стручната јавност  правилна интерпретација и примена на одредени институти од областа на сопственичко-правните односи и во таа насока да допринесе во услогласувањето на судската пракса како една од претпоставките за обезбедување на правната сигурност на граѓаните во постапките  пред судовите.

Збирката на судски одлуки може да се нарача на следниот ЛИНК

Препорачуваме

Партнери на Правдико