Нови 19 заболени од корона вирусот – бројот на пациенти се искачи на 67 лица | Правдико

Правдико

   

Нови 19 заболени од корона вирусот – бројот на пациенти се искачи на 67 лица

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Состојбата со коронавирусот во земјата до 10.00 часот – 19 новозаболени на коронавирус – бројката на дијагностицирани пациенти во земјата е 67 лица – известуваат од Министерството за здравство.

Вчера попладне и во текот на ноќта преку Институт за јавно здравје на коронавирус беа тестирани 71 лице.

Од нив 2 лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид – дојдено од Бреша, Италија кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија.

Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација.

На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот.

Препорачуваме

Партнери на Правдико