Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во истрагата којашто ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, потврдија за „Макфакс“ од судот.
Причините за одредување мерка куќен притвор првично беа поради можност од бегство и влијание врз сведоци. Јавното обвинителство за Јакимовски бараше притвор, но поради здравствената состојба, Јакимовски доби куќен притвор.
Поранешниот градоначалник на општина Карпош и уште осум други лица се осомничени за неколку кривични дела како незаконска легализација и продажба на земјиште, бесправно градење и садење цвеќе. Меѓу осомничените има и бизнисмени од градежниот сектор.
Според Обвинителството за гонење организиран криминал, со оглед на тоа дека станува збор за исти кривични дела и период кога биле сторени предметите се споени во еден предмет. За тројцата постои основано сомневање дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, а едно од лицата е осомничено и за бесправно градење.
Извор: Макфакс