Нови 30 дена притвор за Сашо Мијалков по пресудата за „Трезор“ | Правдико

Правдико

   

Нови 30 дена притвор за Сашо Мијалков по пресудата за „Трезор“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кривичниот суд Скопје, денеска, по пресудата „виновен“ во случајот „Трезор“, му одреди мерка притвор од 30 дена на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков. Ова одлука следеше по предлог на јавниот обвинител Трајче Пеливанов, кој истакна дека „Мијалков е моќен и постои опасност од бегство“.

„Имајќи ја предвид казната од осум години и дека Сашо Мијалков е исклучителен моќен човек, како и неправосилната пресудата во случајот „Тврдина-Таргет”, предлагаме да се одреди мерката притвор за овој предмет. Причните се дека постои можност за бегство“, рече обвинителот Трајче Пеливанов, кој воедно предложи мерката притвор за случајот ,,Тврдина-Таргет”, да се укине.

Одбраната на обвинетите, по предлогот на јавните обвинители, наведе дека тие се убедини дека овој предмет во Апелациониот суд ќе добие ослободителна пресуда. Адвокатот на Мијалков – Љупчо Шврговски, посочи дека не постои опасност од бегство и дека ваквото барање е неосновано.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико