Нови антивладини протести во Романија | Правдико

Правдико

   

Нови антивладини протести во Романија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Околку 30.000 лица, претежно млади, синоќа повторно излегоа на антивладини протести на улиците во неколку романски градови и покрај вчерашната оставка на премиерот Виктор Понта.

Romania Protest-4

Според романската полиција, околу 20.000 луѓе присуствувале на протестот одржан на Универзитетскиот плоштад во Букурешт, кој беше жариштето на бунтот против последниот комунистички лидер на Романија, Николае Чаушеску во декември 1989 година.

Уште околу 10.000 лица се собрале и на антивладини протести во Темишвар, Клуж, Јаши и неколку други помали градови.

Учесниците на протестите, кои минале мирно, носеле романски знамиња и извикувале пароли како „Долу мафијашкиот систем“ и „Романија, разбуди се“.

Демонстрантите ги обвинуваат властите за нестручност и корупција и побараа формирање технократска Влада, бидејќи како што нагласија, не и веруваат на ниту една политичка партија.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико