Нови апсења во Турција | Правдико

Правдико

   

Нови апсења во Турција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турските власти наредија апсења на 61 припадник на турската армија, вклучително и високи офицери, осомничени дека се поврзани со свештеникот Фетула Ѓулен кого Турција го обвинува за неуспешниот пуч што се случи во 2016 година.

Досега илјадници луѓе се уапсени под сомнение дека се поврзани со него и биле дел од државниот удар во земјата.

Осумнаесет од воените офицери за кои се издаваат налози за апсење се активно вклучени во воената служба, објави турската агенција „Анадолија“.

Налози за апсење биле издадени за 13 мајори и 12 капетани на силите и 24 први поручници од турската морнарица.

Во одделна операција властите во Тузла објавија дека уапсиле 21 лице за користење шифрирани пораки на социјалните мрежи кои се поврзуваат со Фетула Ѓулен, кој живее во САД, пишува „Раша тудеј“.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико