Нови апсења во Турција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Продолжуваат апсењата за тероризам во Турција. Турските власти во текот на минатата недела уапсиле 1.098 лица за кои постои сомнение дека се поврзани со милитантите или со организирањето на неуспешниот обид за државен удар во јули минатата година, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Во соопштението на Министерството се појаснува дека 831 од приведените се уапсени за врски со исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен, кој е обвинет од Анкара дека го организирал неуспешниот обид за пуч во јули 2016 година. Ѓулен негира вмешаност.
Министерството додава дека 213 од овие се осомничени за врски со Курдската работничка партија (ПКК).
46 од уапсените се поврзувани со ДАЕШ (Исламската држава), а 8 лица осомничени за контакти со левичарски терористички групи.
Од 15 јули 2016 година во Турција се приведени околу 50.000 лица, а над 150.000 луѓе беа отпуштени.
Извор: Макфакс