Нови инциденти на македонско-грчката граница | Правдико

Правдико

   

Нови инциденти на македонско-грчката граница

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ограда-бегалциМакедонската полиција употреби солзавец на стотици, главно, пакистански мигранти кои се обидувале да влезат во Македонија од Грција, барајќи премин на границата.

Немирите започнаа откако на 200 луѓе на кои им беше забранет влез во Македонија, почнаа да се движат по должината на ново подигнатата ограда на границата, во потрага по алтернативна рута.

Македонската полиција употреби солзавец за да ги растера мигрантите, а еден полицаец испука во воздух како предупредување, објави Ројтерс.

Околу 1.500 Пакистанци, Мароканци и Иранци неколку недели се на ничија земја меѓу Грција и Македонија, откако македонските власти го ограничија влезот само за Сиријците, Ирачаните и Авганистанците, кои се сметаат за воени бегалци. Бегалците од другите националности се категоризирани како економски мигранти и им било кажано да се вратат, што беше причина за бројните протести.

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико