Нови измени во Законот за градење | Правдико

Правдико

   

Нови измени во Законот за градење

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Building-Online-CityСо Законот за градење предвидено е пред издавање на одобрение за градење, инвеститорот да плати надоместок за уредување на градежно земјиште и склучува договор со општината, општината во градот Скопје и градот Скопје во кој се утврдуваат права и обврски по однос на изградбата на потребната инфраструктура како би се овозможило непречено функционирање на градбата. Во одредени случаи на подрачјето на градот Скопје не се реализирани локални патишта или улици кои се во функција на објекти за потребите на државни органи, агенции и фондови основани од Република Македонија и правни лица во целосна или доминантна сопственост на Република Македонија, за чија изградба е платен надоместок за уредување на градежно земјиште од страна на инвеститорот на градбата во чија функција треба да се изгради патот односно улицата.

Со  Предлог Законот се уредува постапка за изградба на локален пат односно улица на подрачјето на градот Скопје кој е во функција на градби за потребите на државни органи, агенции и фондови основани од Република Македонија и правни лица во целосна или доминантна сопственост на Република Македонија, за чија изградба е платен надоместок за уредување на градежно земјиште од страна на инвеститорот на градбата во чија функција треба да се изгради патот.

Во случаите кога од страна на надлежната општина во градот Скопје не е издадено одобрение за градење за патот и/или не е започнато со изградба на истиот до изготвувањето на завршен извештај за извршен надзор, се предвидува општинскиот пат да го изгради градот Скопје, а општината во градот Скопје е должна делот од средствата за изградба на патот кои се платени од инвеститорот да му ги пренесе на градот Скопје, а доколку и градот Скопје не започне со изградба на патот, се дава можност инвеститорот да го изгради патот а општината и градот Скопје се должни да му ги вратат средствата за изградба на патот кои се платени од негова страна.

Целиот текст на предлог законот можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико