Нови измени во Законот за кривичната постапка | Правдико

Правдико

   

Нови предлог измени во Законот за кривичната постапка

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieЗаконот за кривичната постапка  е донесен на 18.11.2010 година и е изменет во 2012 година во делот на отпочнувањето со примената на законот. Законот за кривичната постапка започна да се применува од 1 декември 2013 година. Најзначајни новини содржани во законот се преминувањето на надлежностите за водење на истрагата од истражните судии кај јавните обвинители, контрола на полицијата од страна на јавното обвинителство, воведувањето на спогодување и редизајнирање на главната расправа и сл. За успешно спроведување на законот беше донесен и Акционен план што беше целосно реализиран.

Имено, беа усогласени законите и другите прописи кои се поврзани со Законот за кривичната постапка. Исто така, беа спроведени бројни основни и напредни обуки за субјектите кои го применуваат законот, во најголем број јавни обвинители, судии на претходна постапка, припадници на правосудна полиција, адвокати и сл. Во контекст на обезбедувањето на услови за спроведување на новиот Закон за кривичната постапка беа реализирани и бројни активности за јакнење на капацитетите на институциите надлежни за примена на законот. Најзначајната од нив е набавката на опрема за аудио – визуелно снимање на обвинетите од страна на јавното обвинителство во фазата на истрагата.

Со членот 1 се врши измена на рокот во кој осомничениот има право во рок од 15 дена од приемот на известувањето на јавниот обвинител за завршување на истражната постапка, да поднесе исправи или други докази, списи од дејствијата на одбраната, или да бара од јавниот обвинител да собере пределени докази. Со Предлогот на Законот се предлага овој рок да биде 90 дена. Овие измени се предлагаат врз основа на начелото на правично судење, односно еднаквоста на оружјето, што не е целосно обезбедено, особено споредувајќи ги роковите на одбраната да поднесуваат дикази и исправи (члено 302 став (4) и роковите на јавниот обвинител за спроведување на истрагата (член 301).

Имено, во членот 301 од Законот за кривичната постапка се пропишани роковите за завршување на истражната постапка. Во овој член од законот е пропишано дека ако истражната постапка не се заврши во рок од шест месеци од денот на донесување на наредба за спроведување на истражна постапка, јавниот обвинител е должен за тоа да го извести вишиот јавен обвинител, кој во сложени предмети може овој рок да го продолжи за уште шест месеци. По исклучок, овој рок може да се продолжи уште за три месеци од страна на јавниот обвинител на Република Македонија.

Исто така, за кривични дела од областа на организираниот криминал рокот може да биде продолжен од страна на јавниот обвинител на Република Македонија за уште шест месеци. Од анализата на роковите дадени на јавниот обвинител со сите механизми со кои располага и роковите на одбраната со лимитираните можности за собирање докази, може да се заклучи дека рокот од 15 дена пропишан во член 302, во ставот (4) е недоволен. Исто така, овој рок не кореспондира со роковите пропишани во членот 311 од Законот за кривичната постапка каде што е утврдено дека бранителот за потребите на одбраната може во согласност со закон да бара податоци и известувања од државни органи, од органите на единиците на локалната самоуправа, од правни и физички лица што вршат јавни овластувања и од други правни лица и да бара да му се достават документи, списи и известувања.

Субјектите се должни да постапат по барањето на бранителот во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето, а доколку во постапката е определена мерка притвор, во рок од седум дена од денот на приемот на барањето, доколку со друг закон поинаку не е определено.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико