Нови кривични за поранешни директори на Агенцијата за филм, се сомничат за 289.847.400 денари
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Управата за финансиска полиција на Р. Македонија поради постоење сомнение дека се сторители на кривични дела до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против лицата Д.Б, во својство на директор на Агенцијата за филм на Република Македонија за 2014 година, и М.Ѓ.И. во својство на директор на Агенцијата за филм на Република Македонија за 2015 и 2016 година, за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, член 353-в ст. 1 и 3 од КЗ на Р.М.
„Пријавените Д.Б. и М.Ѓ.И. како директори на Агенцијата за филм на Република Македонија за период од 07.08.2014 до 31.12.2016 година искористувајќи ја својата службена положба со пропуштање должен надзор очигледно несовесно постапиле во вршење на своите службени овластувања и должности, спротивно на член 12 став (1) алинеи од 1 до 7, член 13 став (3) и член 18 став (1) алинеја 7 од Законот за филмска дејност, не изготвиле решенија за утврдени надоместоци кои Друштвото за трговија и услуги ‘Тотал ТВ’ ДОО Скопје било должно да ги пресмета и уплати како обврзник кон Агенција за филм на Република Македонија, а врз основа на остварени приходи од вршење дејност во период за период од 2014 до 2016 година“, соопштува Управата за финансиска полиција.
Во соопштението се вели дека надоместокот е по основа на обезбедување пристап до интернет, и тоа стапка од 1% од вкупни годишни приходи во износ од 289.847.400 денари од вршењето на дејноста кои ги остварило Друштвото „Тотал ТВ“ ДОО Скопје.
На тој начин пријавените Д.Б. и М.Ѓ.И во својство на директори на Агенцијата за филм на Република Македонија не изготвиле решенија за утврдени надоместоци и не повеле правни постапки, со што му овозможиле на Друштвото „Тотал ТВ“ ДОО Скопје да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 2.898.474 денари, оштетувајќи ја Агенцијата за филм на Република Македонија.
Извор: Макфакс