Правдико

   

Нови надлежности на адвокатите и адвокатските друштва – Предлог измени

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

lawyerСо Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица се врши :

– проширување на опфатот на категоријата ,, регистрационен агент,, со воведување на адвокатите како овластени подносители на електронска пријава за основање, промени и бришење на трговските субјекти преку Системот за е-регистрација ,

– предвидување уписот на промени и бришење на трговските субјекти да се одвива исклучиво по електронски пат преку Системот за е-регистрација. 

За разлика од веќе востановената категорија на овластени подносители за пријави за упис на основање на трговските субјекти преку Системот за е-регистрација,-,,регистрациони агенти,, кои ги вклучуваа само овластените сметководители и сметководители кои исполнуваа и дополнителни законски услови, новата категорија на овластени подносители на електронски пријави за упис на промени и бришење, би опфаќала претставници од адвокатската професионална заедница, која би ги имала следните карактеристики и задачи :

-јавно овластување да ја спроведува постапката за идентификација на странките, преку можност за легитимирање и утврдување на вистинитоста на нивните потписи на приложените прилози,

-добивање својство на оригинал на изворно составените прилози во електронска форма и потпишани со дигитален сертификат, а конвертираните прилози од хартиена во електронска форма би имале значење на зеверен препис од оригиналот , со правна
сила на нотарска заверка,

-обврска за спроведување на уписот на основање на трговските субјекти без награда и надоместок кон ЦРМ, додека пак спроведувањето на уписите за промена и бришење ќе се регулира врз основа на предходно утврдена и јавно објавена тарифа на Адвокатската комора.

Ваквиот пристап, дополнително ќе обезбеди поголема распространетост и достапност на истите до странките, како и поголемо внимание и квалитет во извршувањето на уписите.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико