Нови правила на ЕУ за водата за пиење
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Европска унија планира да ги смени правилниците за квалитетот на водата со цел да спречи нови евентуални опасности по здравјето и да го ограничи пластичниот отпад.
Планот на ЕУ е да ги одврати луѓето да пијат флаширана вода.
Европска комисија соопшти дека на новите правила ќе важат за сите земји-членки на ЕУ со цел да се подобри пристапот до вода за пиење, како и подобро да се информираат граѓаните за квалитетот на водата од чешма или флашираната. ЕК наведува дека со тоа ќе се зголеми довербата во локалните водоводи и ќе ги одвикне луѓето од флаширана вода, бидејќи пластичните шишиња за вода се најбројни пластични предмети за еднократна употреба на европските плажи.
– Цената на водата од чешма е околу 0,2 евра по литар, што е многу поевтино од флашираната вода. Доколу луѓето знаат што е поевтино за нив, а со тоа не го ризикуваат своето здравје, можат да направат поинаков избор – изјави потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс.
Извор: Нова Македонија