Нови правила за означување на прехранбените производи од 13 ноември | Правдико

Правдико

   

Нови правила за означување на прехранбените производи од 13 ноември

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од 13 ноември операторите на храна ќе треба да се придржуваат до новиот правилник кој налага строги одредби за означување на прехранбените производи.

11092015121143_hrana

Задолжително ќе треба да биде означено името на производот, нутритивната табела и составот на производот каде ќе мора да бидат наведени сите алергени доколку ги има производот. Минималната големина на буквите треба да биде 1,2 милиметри со цел да бидат видливи за потрошувачите кои ќе се информираат за производот што сакаат да го купат.

Производот ќе може да содржи и доброволни информации во кои спаѓаат нутритивните тврдења како што се дали производот има одредени витамини или минерали, а може да бидат наведени и здравствени тврдења.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Попоски денеска информира дека операторите на храна се запознати со правилникот и изрази надеж дека нема да имаат проблеми со неговата примена.

– Оператори со храна треба да ги спроведуваат сите работи што се однесуваат на означувањето на храната. Тие што извезуваат веќе од 13 декември 2014 години ги спроведуваат овие одредби, а сега и операторите за храна кои ќе ги пласираат своите производи на домашниот пазар ќе ги применуваат, рече Попоски.

Доколку операторите со храна не се придржуваат до правилникот, тогаш, како што најави Попоски, ќе се излезе на терен и ќе се преземат соодветни мерки. Глобите за непочитување изнесуваат од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност.

Правилникот стапи на сила на 3 септември и со него се очекува поголема заштита на здравјето на луѓето од опасностите поврзани со храната.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико