Нови Предлог измени на Кривичниот законик | Правдико

Правдико

   

Нови Предлог измени на Кривичниот законик

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ilustracija-sudstvoВо 2010 година Собранието на Република Македонија  го донесе новиот Закон за кривичната постапка кој започна да се применува од 1 декември 2013 година. Во овој закон за првпат беше воведен институтот спогодување. Примената на овој институт е директно поврзана со пропишувањето на казните во Кривичниот законик и нивното одмерување од страна на судовите. Досега во Република Македонија  беа спроведени повеќе истражувања во сферата на казнената политика, при што се наметнаа неколку заклучоци:

–  досудената просечна казна во предметите се наоѓа многу под долната граница на опсегот на предвидената казна пропишана со закон,

–  опсегот на казни кој што бил применет од страна на судиите е многу понизок од највисоката казна пропишана со закон, што укажува дека судиите воопшто не ја користат горната граница на казните што им ја овозможува законот и

–  голема невооедначеност на изречените казни од страна на различни судови.

Заради надминување на наведените слабости се наметна потребата од креирање инструменти за воедначување на казнената политика при изрекувањето на казните. Сметаме дека ова ќе биде постигнато со донесување на Правилник за начинот на одмерување на казните.

Наведеното решение се применува во Соединетите Американски Држави од каде што ќе бидат црпени искуствата во фазата на изготвувањето на правиликот.

Целта на донесувањето на овој закон е предвидувањето на правен основ за донесување Правилник за начинот на одмерување на казните што ќе овозможи воедначување на казнената политика во изрекувањето на казните.

Целиот текст на Предлог измените можете да го превземете ТУКА

 

Партнери на Правдико