Нови предлог измени на Законот за бесплатна правна помош | Правдико

Правдико

   

Нови предлог измени на Законот за бесплатна правна помош

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mmw_LAWYER_articleСо Законот за бесплатна правна помош (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 161/09) се уредуваат правото на бесплатна правна помош, постапката во која се остварува, корисниците, условите и начинот на неговото остварување, давателите на бесплатна правна помош, органите надлежни за одлучување, заштитата на правото на бесплатна правна помош, органите надлежни за одлучување, заштитата на правото на бесплатна правна помош, финансирањето и надзорот над неговото спроведување, организирање на денови на бесплатен правен совет, бесплатна правна помош во прекуграничните спорови, како и надзор над примената на одредбите од овој закон.

Овој закон беше донесен со цел да им се обезбеди еднаков пристап на граѓаните и на другите лица определени со ЗБПП до институциите на системот, заради запознавање, остварување и овозможување ефективна правна помош, во согласност со начелото за еднаков пристап до правдата. Остварувањето еднаков пристап до правдата со ЗБПП се овозможува преку користење на бесплатната правна помош во определени граѓански и управни постапки за лицата кои се наоѓаат во тешка материјална положба и ги исполнуваат условите предвидени во Законот.

Причините поради кои се предлага изменување и дополнување на Законот за бесплатна правна помош се заради  усогласување со Законот за правда на децата.

Законот за правда на децата е донесен во октомври 2013 година  и објавен во Служен весник  на РМ бр.148/13,  а ќе отпочне да се применува од 01.12.2013 година.

Со одредбите на Законот за правда на децата меѓу другото се уредува дека во случаите  во кои е задолжитело присуството на адвокат во постапките кои се водат пред Центрите за социјални работи и Министерството за внатрешни работи, исплатата на трошоците на адвокатот да бидат на начин утврден со Законот за бесплатна правна помош. Ова само во случаи кога Центарот за социјални работи врз основа на потврда издадена од надлежен орган ќе утврди дека родителот односно старателот на детето согласно на  материјална состојба не би можел да ги надоместил трошоците на адвокатот.

Од тука произлегува и потребата за уредување на правото на бесплатна правна помош на детето во Законот за бесплатна правна помош.

Целиот текст на Предлог Закон за бесплатна правна помош може да го превземите ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико