Нови Предлог-измени на Законот за градење | Правдико

Правдико

   

Нови Предлог-измени на Законот за градење

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

gradbiПредложените измени и дополнувања се во насока на поефикасно спроведување на постапките за одземање на лиценци и овластувања во случаите кога е утврдено прекршување на законските прописи и обезбедување на поголемо почитување на законските прописи од страна на наведените учесници во изградбата, како и поефикасно спроведување на инспекцискиот надзор од страна на градежните инспектори.

Предлогот на законот се заснова на истите начела врз основа на кои е донесен Законот за градење.          

Согласно сегашните прописи предвидена е постапка за одземање на лиценци на правни лица и овластувања на физички лица, за вршење на работите на проектирање, ревизија на проектна документација, изведување на градби и надзор над изградбата со градбите, во случаите кога се утврдени неправилности при работењето кај овие лица. Со предложените измени се врши доуредување на постапката за одземање на наведените лиценци и овластувања со тоа што се утврдуваат различни рокови во кои овие лица нема да можат да ги вршат работите за кои поседувале лиценца односно овластување во зависност од видот на сторената неправилност поради која им е одземено овластуавањето односно лиценцата.

Понатаму, со законот не е предвиден рок во кој инвеститорот е должен да изврши уплата на надоместокот за уредување на градежно земјиште, поради што со предлог законот се утврдува рок од 15 дена за плаќање на надоместокот а во спротивно барањето за добивање на одобрение за градење ќе се одбие.

Исто така се врши промена во делот надзорот над работата на овластениот градежен инспектор од страна на градежниот инспектор, со тоа што се предвидува поефикано спроведување на инспекцискиот надзор, во случаите кога овластениот градежен инспектор нема да ги извршува своите законски надлежности за вршење на надзор.

Целиот текст на Предлог измените можете да го превземите ТУКА

Партнери на Правдико