НОВИ Предлог измени на Законот за семејството | Правдико

Правдико

   

НОВИ Предлог измени на Законот за семејството

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Предложените измени и дополнувања на Законот за семејството ги содржат следниве решенија:

– утврдување на обврска на центарот за социјална работа за секое дете што ќе го смести во институција или друго семејство писмено да го извести ЈУ Заводот за социјални дејности Скопје, кој ќе врши надзор над стручната работа на центарот за социјална работа,

-утврдување на обврска на социјалната инспекција да изврши инспекциски надзор, доколку од надзорот над стручната работа  на Заводот за социјални дејности Скопје се утврдат неправилности во работењето на центарот за социјална работа,

– воведување на глобиза непостапување и непочитување на предвидените рокови од страна на службените лица,

– намалување на роковите за постапување на надлежните институции вклучени во постапката за посвојување, со цел обезбедување на најдобра заштита на интересите на децата без родители и родителска грижа,

–  континуирано следење на можните посвоители и по извршениот упис во регистарот на можни посвоители,

– допрецизирање на постапката во делот на обновување на потребната документација за посвојување и

– техничко подобрување на текстот на одредени одредби во Законот.

Со предложените измени во членот 1 рокот од една година не му се знае престојувалиштето на родителот на детето се намалува на девет месеци. Со определување на рокот од 9 месеци се создаваат законски претпоставки малолетното дете да биде сместено во семејство на можни посвоители на помала возраст, односно постапката за посвојување да биде завршена во пократок рок.  Со ова на малолетното дете ќе му се овозможи стимулирачка средина за развој во семејство на можни посвоители и љубов и нега кои што му се потребни. Исто така, во истиот член намален е  и рокот во случај кога не е потребна согласност од родител,  за дете кое една година е сместено во институција или друго семејство и кој не пројавил интерес за детето, од една година на девет месеци. Покрај скратувањето на рокот од една година на девет месеци во кој рок центарот за социјална работа треба најмалку три пати да го повика родителот и да му укаже на последиците од непреземањето на грижата за детето, се предлага на родителот да му се даде дополнителен рок од 10 дена да ја преземе грижата за детето или да даде согласност за негово посвојување. Доколку родителот во тој рок не ја превземе грижата за детето, не дојде на закажниот термин, а не го оправда своето недоаѓање и не даде писмена согласност за посвојување на малолетното дете, ќе се смета дека родителот се согласил детето да биде дадено на посвојување.

Во членот 2 се утврдува обврска на центарот за социјална работа за секое дете што ќе го смести во институција или друго семејство во рок од 5 дена од сместувањето на детето писмено да го извести ЈУ Заводот за социјални дејности Скопје, кој врши надзор над стручната работа на центарот за социјална работа. Доколку од надзорот над стручната работа се утврдат неправилности во работењето на центарот за социјална работа, за тоа ќе се извести социјалната инспекција, која во рок од 5 дена ќе изврши инспекциски надзор.

Во членот 3 се врши допрецизирање на постапката во делот на обновување на потребната документација за посвојување, односно се дава обврска на центарот за социјална работа да ги известат посвоителите за потребата од обновување на документацијата, во спротивно со предложените измени се предвидува дека истите ќе бидат избришани од регистарот на можни посвоители. Посвоителите кои се избришани од регистарот поради необновена документација, можат до Комисијата повторно да поднесат барање за посвојување на дете.

Целиот текст на Предлог измените можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико