Нови Предлог измени на Законот за трговски друштва | Правдико

Правдико

   

Нови Предлог измени на Законот за трговски друштва

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

izvrsuvanjeПредложените измени и дополнувања на Законот за трговските друштва се согласно Извадокот од Нацрт-записнкот од 166-тата седница на Владата на Република Македонија одржана 12.11.2013 година, а по повод одржаната седница на Економскиот совет, како и усвоените заклучоци од оваа седница, со кој Министерството за економија е задолжено во соработка со Министерството за правда и Централниот регистар на Република Македонија да ги подготви измените на Законот за трговски друштва, во насока на допрецизирање и доуредување на законската одредба со предлагање на конкретни решенија заради нејзино подоследно применување и надминување на проблемите од недоследното постапување, со што се создава законска рамка и се уредува статусот на:

-Субјектите кои се регистрирани во единствениот трговски регистар и кои не доставуваат годишни сметки во утврдениот рок согласно ЗТД,кои известуваат дека не вршеле никаква трговска дејност поради што немаат деловна активност и се водат во регистарот на ЦРМ како неактивни,

-во однос на квалитетот на податоците ,субјекти кои доставуват финансиски извештаи до ЦРМ, како составен дел од годишната сметка и кои се сметаат за основа на валидни бонитетни информации за субјектите , поради што од исклучителна важност е високиот квалитет и веродостојност на истите , а постојат индиции за несогласување на податоците доставени во УЈП со тие доставени во ЦРМ.

-во однос на законската обврска на субјектите на упис при секоја промена на своите податоци промена на седиште на фирмата, да ја пријават во единствениот трговски регистар при Централниот регистар.

Прецизирање во член 460-а во делот на постапката за одобрување на зделка со заинтересирана страна кај акционерските друштва чии хартии од вредност котираат на овластена берза, согласно препораките на Duing Business 2014 за напредокот 2013 година ,и по барање на Комисијата за хартии од вредност да се изврши усогласување со Законот за хартии од вредност кој во моментов е во собраниска процедура, се определува вредноста на зделката да изнесува 10% и повеќе од активата на друштвото .

Целиот текст на Предлог измените можете да го превземите ТУКА

 

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико