Нови Предлог измени на Законот за зупервизија на осигурување | Правдико

Правдико

   

Нови Предлог измени на Законот за супервизија на осигурување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Донесувањето на Предлогот на закон за изменување и дополнувања на Законот за супервизија на осигурување има за цел да овозможи остварување на правата на граѓаните за исплата на пензиите од вториот и третиот столб и за дополнително здравствено осигурување .

Законот чие донесување се предлага се заснива на начелото на социјална сигурност на граѓаните .Со измените на Законот за супервизија на осигурување се воведуваат класи на осигурување на ануитети за корисници на пензии и пензиски надоместоци од задолжително и доброволно капитално финансирано пензиско осигурувањето и на доброволно здравствено осигурување Со тоа се создава обврска за осигурителните друштва пред да започнат да ги вршат овие класи на осигурување да добијат дозвола од Агенцијата за супервизија на осигурување .

Во случај на стечај или ликвидација на друштвото за осигурување средствата на , граѓаните по основ на пензии и пензиски надоместоци се издвојуваат од стечајната постап ка на друштвото и се пренесуваат на друго друштво за осигурување или во пензиските друштва кои ќе продолжат да ги исплатуваат пензиите и пензиските надоместоци Преносот се врши по пат на аукција .

Се уредува постапката за именување на членови на орган на управување во друштвото за осигурување во случај кога нивниот број се намалува под законскиот минимум.

Целиот текст на Предлог измените можете да го превземете ТУКА

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико