Нови предлог измени во Законот за договорен залог | Правдико

Правдико

   

Нови предлог измени во Законот за договорен залог

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieНа 129-та Седница на Владата на Република Македонија одржана на 22.12.2015 година под точка 33 разгледана е и усвоена Информацијата со мерки за подобрување на деловното опкружување согласно препораките на Извештајот „Doing Business“ на Светска банка, а Министерство за правда со заклучок под реден број 26 беше задолжено во февруари 2016 година до Владата да достави Предлог – закон за изменување на Законот за договорен залог во насока на појаснување на она што може да биде предмет на залог со опис на предметите на залог.

Со членот 1 се менува ставот 2 во членот 7 од Законот за договорен залог, со кој се дава можност предмет на залог покрај плодовите да бидат и производите, како и заменски средства на првобитните средства односно предмети, освен ако договорните страни со договорот за залог поинаку не се договорат. Со членот 2 се доуредува членот 23 во делот на податоци кои треба да ги содржи договорот за залог.

Имено согласно насоките дадени од Светска банка, како би можела Република Македонија да добие поени за ова прашање потребно е описот на предметот на залог да биде дефиниран како општ или посебен. Ова особено од причина што со земјите кои на овој начин го дефинирале описот на предметот имаат добиено поени за ова прашање. Со членот 3 се менува ставот 3 во членот 27 со кој се дава можност за проширување на заложното право покрај на плодови и на производите, кои ќе се затекнат во времето на реализација на залогот, како и на заменските средства на првобитните средства, освен ако со договорните страни со договорот за залог поинаку не се договорат.

Предлог измените можете да ги погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико